Доктор Лидија Ј. Груневска

Д-р Лидија Ј. Груневска е специјалист гинеколог акушер со 25-годишно работно искуство. Специјализира на Клиника за гинекологија и акушерство Скопје (ГАК), каде продолжува да работи 15 години (на оддел Родилна сала (4 години), на оддел Патолошка бременост (5 години) и на оддел Стерилитет и ИВФ (6 години).

Својата дејност ја продолжува во приватна пракса, во својата ординација ПЗУ ЈУРУКОВСКИ и во приватната болница РЕМЕДИКА како надворешен соработник.

Континуирано се едуцира низ работилници, симпозиуми и конгреси, главно од областа на нејзината супспецијалност – БРЕМЕНОСТ и  СТЕРИЛИТЕТ.